Најчесто поставувани прашања | Изјави на учесници | Проверете ја вашата брзина на читање

СОРАБОТКА И ЗАЕДНИЧКО ОДЛУЧУВАЊЕ НАСПРОТИ ПРЕГОЛЕМО ЗАШТИТУВАЊЕ

 


Ако живееме во соработка со своето дете, тоа значи дека живееме партнерски. Детето забележува дека неговото мислење се уважува, дајте му до знаење на детето дека е битно и дека може да наоѓа свои решенија. Но не е секогаш потребно се да се објасува со детето. Во интерес на детето е родителите да постават граници за кои нема постојано да се дискутира и преговара. 

Јасната ориентација за тоа што е допуштено а што не, за детето е еднакво важна како и искуството да смее да учествува во донесувањето на одлуките. Секогаш одново треба да се преиспитате кога и во кои ситуации е добро и детето да одлучува. Но исто така е важно да не се отстапи од сопственото мислење и вредности кои ги застапуваме. Добро е да постојат семејни правила кои заедно се носат. Но секако сека и покрај тоа ќе има ситуации во кои вие како родители ќе мора самостојно да донесете одлуки.

 

Ние на детето сме му пример и добро е детето да знае какво однесување од него очекуваме. Од друга страна пак, детето има право на свое мислење и искуства. Но дилемата што овде се поставува е: дали знаеме секогаш што е најдобро за нашето дете? Дали сте навистина сигурни во тоа? Дали размисливте за тоа дали сте ја разгледале ситуацијата од сите страни? Можеби донесуваме одлуки наместо него, а не со него. Зошто тоа не е добро? На тој начин на детето му ја ускратуваме можноста да научи како да презема одговорност за себе па така станува опуштено и несигурно и има мала сопствена иницијатива. Тоа од вашето однесување научило дека: “Секогаш има некој друг покрај мене кој знае подобро од мене што треба да направам.“ Децата сакаат и мораат да учат, што значи дека мора да можат да одлучат за или против нешто. Семејниот живот е простор кој е заштитен и токму заради тоа создава многу можности за вежбање на самоодговорност.

Помислете одново за што можете да му допуштите на детето самостојно да донесува одлуки. Размислете дали и зошто носите одлуки наместо детето. Дали тие досега биле исправни или подобро ќе било да сте го прашале детето? Дали навистина ќе било во некој момент полошо ако детето одлучило поинаку од она што вие го сметате исправно? И неколку клучни зборови за крај: минимално наместо максимално управување, допуштете да преземе одговорност наместо да ограничувате, следете го наместо да го контролирате и да збаранувате, поддршка и храбрење наместо огранучување и преголема заштита.

 

Д-р.спец. Владимира Велички

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top