Најчесто поставувани прашања | Изјави на учесници | Проверете ја вашата брзина на читање

За нас ново

 

ИН ОПТИМУМ – ОПТИМАЛНА СОСТОЈБА НА ПОСТОЕЊЕ

 

Денеска, во 21 век, во време на брзи промени кога од сите страни добиваме информации, ЗНАЕЊЕТО е клучен фактор за управување со тие сегменти на животот како и за развој на личните потенцијали.

Луѓето поседуваат слободна волја да ја креираат својата сегашност, но и својата иднина.

Научете да создавате и да се однесувате квалитетно секој ден и да бидете присутни во секој момент, затоа што важно и реално е само она што е сега и овде. Препуштете се на нови знаења, бидете со отворен ум и љубопитни како мало дете. Тоа е патот кон успехот и благосостојбата.

 

Знаењето е потребно за личниот развој. Опстанокот и зачувувањето на својот интегритет кој води кон остварување на основните права на човекот: да биде, да прави и да го има она што го сака, е уметност да се оствари во вакви околности. Постојат различни видови знаења кои на човекот му се потребни за да оствари добробит и корист. Но, постои знаење кое е базично и кое овозможува прифаќање и примена на сите останати знаења…тоа е свесноста за сопствените потенцијали како и за нивната примена и развој. Докажано е дека се она што го работиме, мислиме, чувствуваме и живееме е поврзано и зависно од процесите кои се одвиваат во нашиот мозок.

 

Една од законитостите на функционирање на мозокот е “искористи го или изгуби го“. Поголемиот број луѓе секојдневно губи преку 100.000 мозочни станици затоа што или не ги користат или ги користат на погрешен начин. Основната причина е губење на контакт со сопствената природа како и ниското ниво на самодоверба и игнорирање и незнаењето за своите способности и можности како и непоседувањето на знаење како сето тоа да го развие.

Ин Оптимум Македонија – Центар за развој на човечките потенцијали, ги спроведува следните модули:

 

БРЗО ЧИТАЊЕ ЗА ВОЗРАСНИ

БРЗО ЧИТАЊЕ СО УЧЕЊЕ

БРЗО УЧЕЊЕ ЗА ДЕЦА

БРЗО УЧЕЊЕ ЗА СТУДЕНТИ

БРЗО ЧИТАЊЕ ЗА ДЕЦА


 

Модулите ги задоволуваат највисоките стандарди на содржина и начин на изведување кои ги изведуваат едуцирани и сертифицирани обучувачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top