![]()
Концептот на брзо читање се заснова на будење на вродената способност на човекот да учи на природен начин. Системот произлегува од деталните студии за човечкиот ум како и од сознанијата како човечкиот ум го перцепира знаењето.
Важен придонес за тоа дал психологот и лекарот д-р Георги Лозанов кој открил дека способноста за учење значително се зголемува кога ќе се отстранат предрасудите, просудувањето, тензијата и стресот.
Според неговите сознанија учинокот на брзотот читање и учење се постигнува кога истовремено се активира и аналитичкиот и емотивниот мозок, односно свесниот и несвесниот дел на умот.
Фактори за брзо читање:
1. Сознанија за работата на мозокот
Мозокот е средиште на процесот на учење. Научните сознанија за работата на мозокот биле основа за создавање на методите за брзо читање.
2. Емотивна интелигенција
Еден од најважните фактори за брзото учење се емоциите. Кога емоциите се позитивни, се ослободува огромна количина на интелигенција така што таа може да се материјализира во нови искуства.
3. Мотивација
Без соодветна мотивација не е можно да се зборува за брзо читање и учење. Желбата нешто да се научи, дознае, свесноста дека лицето тоа не го знае е основна мотивација. Секако, за мотивацијата придонесуваат и степенот на самодоверба како и личните очекувања.
4. Имагинација
Имагинацијата е многу важен фактор затоа што таа го поттикнува мозокот на активност и ја забрзува неговата работа. Таа на целиот процес му дава динамика, длабочина, бои и позитивни емоции. Исто така, таа ја поттикнува креативноста и другите вродени способности.
5. Музика
Сеуште постои митот дека треба да се учи во тишина. Сознанијата за работата на мозокот покажуваат дека музиката ја стимулира работата на мозокот. Музиката го поттикнува текот на емоциите и способноста за сеќавање така што станува многу важен фактор на процесот на учење. Таа го подигнува расположението, енергијата како и искуството при читањето.
Брзото читање е високовредна вештина која во време на постојани промени во реалноста секој човек би требало да ја научи и развие.
Многу големи фирми и корпорации одржуваат вакви курсеви во рамки на обуките за управување со времето затоа што се свесни што за нивниот развој значи развиена способност на вработените за брзо читање и учење. Огромната количина на знаење и информации го определува успехот на поединците затоа што тие мора да ги совладаат и прифатат. Оттаму, улогата на брзото читање и учење стануваат едни од важните алатки на оптимизација на резултатите.
