Најчесто поставувани прашања | Изјави на учесници | Проверете ја вашата брзина на читање

Изјави на учесници

💬 Изјави на учесници

Прочитајте што велат нашите учесници за нивното искуство со InOptimum програмите.

⚡ Брзо читање

"По мачни 17 часа, напорот се исплатеше! Благодарам."

— Надица Павловска

"Семинарот го препорачувам на секој што сака да ја подобри својата вештина на брзо читање и учење. Ова треба да го научи буквално секој."

— Зоран Кимовски

"Многу убав метод на забрзување на читањето. Методот треба да го усвојат сите ученици во средно училиште."

— Соња К. Китановска

"Семинарот за брзо читање ги оправда моите очекувања и најтопло го препорачувам за сите кои сакаат да напредуваат."

— Зоран Станковски

"Од почеток чудно, но потоа станува интересно и забавно кога сфатив колку брзо можам да читам."

— Благоја Размоски

"Учев со енергично темпо, но не беше напорно, саатите поминуваат брзо. Предавачите работеа со нас и многу беа љубезни."

— Душко Јовановски

"Семинарот беше одличен. По пат на техники и вежби успешно го совладав брзото читање. Ја подобрив брзината и на традиционалното читање."

— Бојана Делидинкова

"Одлична можност за унапредување на своите вештини, кои секако на личен, но и на професионален план ќе бидат од огромна корист."

— Ирена Богоевска

"Брзото читање претставува потреба на денешниот човек. Сите пофалби за Ин Оптимум што и на нас во Македонија ни овозможи да учиме методи кои се светски признати."

— Нермин Теловска

"Фантастично. Би сакал да препорачам на сите што имаат љубов кон книгата да се пријават на овој семинар бидејќи ќе има голема корист во вашиот живот."

— Живко Јорданов

"Се чувствувам како повторно да научив да читам. И се изненадив од своите способности. Ви благодарам!"

— Славица Тасева

"Возможно е! За сите скептици, доста живеете со ограничувања, време е да го достигнете својот максимум!"

— Илија Лазаров

"Корисен семинар кој би требало да го помине секој оној кој сака да ги користи своите способности во целост."

— Петре Цековски

🌟 Јуниор брзо читање

"Додека бев на семинарите во Ин Оптимум времето многу брзо поминуваше. Јас мислам дека ќе ми помогне и во учењето."

— Матеа Милевска

"На семинарот беше одлично, цик-цак техниката ми одеше највеќе. Од почетокот читав 110-120 страни во минута а сега 220-230 страни во минута."

— Јован Дукмеџиев

Станете дел од нашата заедница на успешни читачи!

+389 78 26 11 46

Scroll to Top