Јазикот, односно говорот дава основна можност за комуникација со другите луѓе, за контакт. Со говорот ги изразуваме мислите, чувствата и нашата волја. На тој начин се разбираме со другите луѓе. Говорот ни овозможува себеси да се појасниме на другите, а на тој начин и подобро да се разбереме самите себеси. Говорот е потребен за наш сопствен развој за да можеме да го рефлектираме нашето однесување или да го промениме.
Говорот е предуслов за многу фруги подрачја на развој во склад со годините, на пример за читање и пишување, социјализација, за развој на мислењето.
Одот, говорот и мислењето се неделиво поврзани и се надоградуваат меѓусебе. И додека одот е надворешено, видливо движење, говорот се одвива повеќе во внатрешноста, така што е голем дел од говорните движења остануваат невидливи за нас. Дури кога говорот е добро развиен, јасен, точен и речникот на детето е во согласност со неговата возраст, детето со леснотија ќе ги усвојува и читањето и пишувањето.
Се чини дека говорот е насекаде, но сепак или токму поради тоа како и да не го забележуваме. Меѓутоа, изгледа дека во последно време ситуацијата се менува – говорот престанува да биде повеќезначен , а се помалку оригинален говор, разговор (некои извори велат дека во рамки на семејствата е сведен на 10-12 минути дневно). Децата според тоа не го усвојуваат говорот веќе само спонтано, туку мораат на некој начин и да го учат, кој мора да биде поттикнат, а за тоа се потребни пред се добри и вистински говорни примери, потребна е интеракција со возрасни.
Исто така, говорот е поврзан со движењето и со развојот на моторичките способности. Тоа значи дека говорот не е само средство за разбирање туку исто така влијае на човекот во целина. Кога сето тоа го знаеме и кога ќе помислиме како изгледало детството некогаш и како се разговарало со нашите деца како и каков говор тие слушале, не можеме а да не се сетиме на старите стихови, бројаници, и разни други подвижни игри кои со векови се пренесувале и ги воведувале децата во јазикот. Многу од тие игри денес се заборавени, а ако се осврнеме на порастот на говорните нарушувања во претшколската возраст, ни се нудат повторно како педагошко средство.
Тие стихови и игри ги поврзуваат создавањето на гласовите со гестовите, со танцот или со музиката, стануваат едно “цело уметничко дело“ кое на организмот на детето влијаат оживувачки и го поттикнуваат нивниот напредок. Кога ги набљудуваме децата во таквата игра гледаме дека тие секогаш одново сакаат исти стихови и соодветни движења и како никогаш да не им е доволно, па мора да помине многу време додека не се заситат. Значи, дури и многу малите деца кои можат да седат во нашата прегратка уживаат во игрите со плескање на рацете и во слични игри кои се поврзани со допир. Подоцна, на околу 2-2,5 години возраст, детето ужива во игри со прстите, во едноставни движења.
Како растат децата, стиховите со кои си играме со нив стануваат се подолги и позахтевни и на тој начин се поттикнува способноста за концентрација. Потоа доаѓаме до кратки приказни и игра на улоги кои можеме да ги играме со децата. Значи, за да научи детето да зборува, ние возрасните пред се треба да одвоиме време, и да формираме став дека “нашето“ и она време што го поминуваме со децата – тоа е времето што е посебно вредно. На детето за развој на говорот му е потребно поттикнувачко окружување, пред се присутност наша, добар говорен пример со кои ќе ги споделите своите мисли, чувства и желби со кои можеме да разговараме.
Треба да игра со нас, кажување приказни, читање сликовници, треба слушање, треба песни и стихови, треба заедно со нив да го откриваме светот и при тоа можеме и сами да осетиме радост.
Детето мора да почувствува дека неговата околина се интересира за него и за неговиот говорен израз. Освен тоа, треба и содржинажите кои му ги нудиме да ја поттикнуваат неговата природна љубопитност. Тоа секако се однесува и на квалитетни сликовници и книги со кои детето ќе биде окружено., на т.н читачко окружување, а потоа и на необликувани природни материјали со кои може она што го слушнало и доживеало да ги оживотвори. Посебно би ја нагласиле важноста на кажувањето приказни на децата, кое е се поретко во нашите семејства и често се заменува со касети и слични медиуми кои навечер наместо нас му зборуваат на детето, а со електорнските медиуми нема интеракција (на пример, поставување прашања, разговор, заедничко уживање во прочитаното) така што оваа задача недоволно ја исполнуваат.
Зборувањето придонесува за развојот на целокупната особеност на детето, го поттикнува когнитивниот, емоционалниот, социјалниот, етичкиот и секако говорниот развој. Меѓутоа, на помалите деца кога ќе им се прочита приказна не можат да ја разберат целосно, ниту пак можат да ја доживеат. Колку се помали децата, толку повеќе им е потребен личен контакт при раскажувањето приказни. Значи, на помалите деца треба повеќе да им се раскажуваат а помалку да им се читаат приказните. Како што растат децата, се преминува на комбинација на читање и раскажување, се до самото читање во претшколската возраст.
Д-р.Спец. Владимира Велички
