
Најчесто поставувани прашања
⚡ Брзо читање
Ако научам брзо да читам, ќе читам ли и понатаму секогаш брзо?
Вие одлучувате како ќе читате, брзо или бавно. Можете да ја употребувате и старата техника на читање, а исто така и брзо читање. Претпоставуваме дека за испит ќе употребувате брзо читање или за некоја стручна литература, додека за вашето омилено списание, или книга ќе читате полека.
Дали може со оваа техника да се учат странски јазици?
Методологијата за учење странски јазици се разликува од методологијата за читање, така што со оваа методологија не може да се учи странски јазик. Но претпоставка за брзото читање е дека го познавате јазикот на кој читате.
Дали може со брзо читање да се совлада математичка задача?
Индиректно, заради изострената перцепција и фокус, оваа методологија може значително да ви го олесни учењето математика и сите други дисциплини кои бараат логичка интеракција.
Дали со оваа методологија се развива фотографска меморија?
Апсолутно. Оној момент кога ќе го владеете брзото читање ја активирате вашата фотографска меморија која почнува да се развива. А границите на нејзиниот развој се бескрајни.
Постои ли можност да не го совладам брзото читање?
Исто как и на училиште, секогаш постои можност да не го совладате материјалот. Од досегашното искуство само 6% не успеале да ја совладаат техниката.
Зошто некои луѓе не успеваат да го совладаат брзото читање?
Има различни причини, некои луѓе едноставно заради одредени и нам непознати причини не се водат според упатствата и не ги следат инструкциите на обучувачот.
Дали семинарот е напорен?
Може да се каже дека семинарот е напорен, особено тој напор се гледа вториот и третиот ден, а веќе после тоа напорот исчезнува и целиот процес на работа се претвора во леснотија.
Дали е доволно само да се заврши семинарот?
Тоа е исто како и кај возењето автомобил. Кога ќе положите возачки испит вие ќе знаете да возите но уште некое време нема да се чувствувате сигурни. После семинарот имате можност да посетувате бесплатни онлајн работилници.
Колкава е важноста на емоциите во методот?
Без емоции не е можно да се чита на овој начин. Една од примарните работи во брзото читање е да се ослободи емоционалниот тек.
Постојат ли во светот слични методи?
Во светот постојат многу методи за брзо читање, најпознати се Magic reading, Photo reading, Reading genius, Dynamic reading итн. Сите тие методи се базираат на учењето на д-р Лозанов.
Која е најниската и највисоката старосна граница?
Највисока старосна граница не постои. Најниската е 12 години, бидејќи кај многумина до оваа возраст и традиционалното читање претставува проблем.
Може ли брзото читање да им помогне на лицата со дислексија?
Да. Брзото читање се базира на активноста на десната хемисфера. А луѓето со дислексија имаат доминантна десна хемисфера и затоа многу лесно го совладуваат брзото читање.
Дали брзото читање е научно докажано?
Да. Овој метод се базира на научните достигнувања на Георги Лозанов, Тони Бузан и нобеловецот Роџер Спери.
🧠 Дислексија
Што е дислексија?
Со дислексија се означува проблематиката кога кај очигледно интелигентни деца доаѓа до дискрепанца помеѓу нивните општи постигнувања и постигнувањата во областа на пишувањето/читањето, а која има биогенетски причини.
Кои се причините за дислексија?
Понови истражувања укажуваат дека дислексијата во голем дел е биогенетски условена. Досега се идентификувани шест региони на хромозомите 1, 2, 3, 6, 15 и 18, кои индиректно влијаат врз способноста за читање и правопис.
Што е дискалкулија?
Со дискалкулија се означуваат тешкотиите на децата во ракувањето со броеви, бројни опсези и основните сметачки операции. Се претпоставува дека таа има слични причини како дислексијата.
Кога може да се посомнева на дислексија?
Кога кај очигледно интелигентни деца неочекувано доаѓа до тешкотии при усвојувањето на пишувањето, читањето и/или сметањето, треба да се земе предвид можна дислексија и да се направат набљудувања.
Кога станува збор за дислексија?
За дислексија станува збор кога кај децата при усвојувањето на пишувањето и читањето се јавуваат проблеми, предизвикани од различни сетилни перцепции.
Дали дислексијата и ЛРС се исто?
Не. Кај дислексијата станува збор за биогенетска предиспозиција која постои цел живот. ЛРС (слабост во читањето и правописот) е стекната, најчесто привремена проблематика предизвикана од психички или физички настани.
Кога може да се утврди дислексија?
Најраниот момент за тоа е втората половина од првото одделение. Детето веќе треба доволно да се има соочено со букви и броеви.
Кој утврдува дислексија?
Специјалисти за дислексија, како дипломирани тренери за дислексија, можат на педагошко ниво, врз основа на тест-постапка, да утврдат евентуално присутна дислексија.
Дали со тест на интелигенција може да се утврди дислексија?
Не. Со тест на интелигенција се утврдува интелигенцијата, а не дислексијата. Интелигенцијата на човекот воопшто не кажува нешто за евентуално присутна дислексија.
Дали задолжително треба тест за читање и правопис?
Постигнувањата на децата со дислексија многу зависат од нивната моментална состојба. Затоа за целна поддршка е поинформативно да се прават анализи на грешки врз основа на текстови во подолг временски период.
Што е мултиаксијалната дијагностика?
Мултиаксијална дијагностика значи паралелно разјаснување на проблематиката од страна на педагог, психолог и лекар.
Разлика помеѓу примарна и секундарна дислексија?
Примарна дислексија има биогенетски причини. Секундарна дислексија се јавува кога на тешкотиите им се придружуваат психички или физички проблеми.
Дали сите деца со дислексија се хиперактивни?
Не. Невнимателноста на децата со дислексија при пишувањето и читањето е израз на тоа дека со понудениот метод не можат да се снајдат, а не болест.
Разлика помеѓу перцептивни и правописни грешки?
Перцептивните грешки настануваат поради различните сетилни перцепции при пишувањето или читањето. Правописните грешки настануваат поради недоволно познавање на правилата.
Дали некој засекогаш е дислексичен?
Дислексијата многу добро може да се совлада со специјална поддршка, но всушност таа останува присутна цел живот.
Колкав е бројот на луѓе со дислексија?
Денес се проценува дека бројот на засегнатите изнесува околу 15% од светското население.
Каква поддршка му е потребна на лицето со дислексија?
Не само навременото препознавање и индивидуалната поддршка се предуслови за успех, туку и широкото разбирање за проблематиката во околината на детето.
Кој метод се докажал во поддршката?
Дипломираните тренери за дислексија својата работа главно ја темелат на AFS-методот, кој ги тренира сите области во кои детето со примарна дислексија има тешкотии.
Зошто не е доволно само вежбање во пишувањето?
Затоа што грешките при пишувањето и читањето се само симптоми, а не причина. Успехот е скромен доколку се работи само на симптомите, а не на причините.
Дали техничките помагала се предност?
Компјутерот е помагало со многу предности. Меѓутоа, не постои техничко помагало кое би помогнало во сите случаи — секогаш треба да се сфаќа само како дополнителна поддршка.
Дали децата со дислексија имаат проблеми со странски јазици?
Не секогаш, но за жал кај многу деца со дислексија се јавуваат проблеми и со странските јазици.
Кој им помага на родителите?
Родителите наоѓаат стручна помош кај дипломирани тренери за дислексија. За успешен тренинг задолжително е потребна соработка помеѓу децата, родителите, наставниците и специјалистите.
Кој ги покрива трошоците за поддршка?
За жал, во македонското говорно подрачје во тоа нема единствени насоки.
Зошто не секој наставник може да препознае дислексија?
Затоа што секој наставник треба да биде сензибилизиран за оваа проблематика, а тоа досега сè уште не е доволно направено.
Зошто се слуша за болест или инвалидност во врска со дислексија?
Бидејќи дислексијата само од СЗО е дефинирана како болест, но треба да се воздржиме да зборуваме за болест или инвалидност, особено за примарната дислексија.
Зошто постојат различни ставови кај стручните лица?
Кон тоа придонесува историскиот развој и недостатокот на соработка помеѓу различните професионални групи — педагози, психолози и лекари.
Зошто родителите прво бараат помош кај лекар?
За жал, премногу деца со дислексија се препознаваат дури откако веќе покажуваат емоционални проблеми, па родителите погрешно заклучуваат дека проблемот е медицински.
Кој е од централно значење за утврдување и поддршка?
Ова централно значење треба да му припадне на училиштето, бидејќи педагозите се секогаш првите лица кои наидуваат на деца со дислексија.
Зошто некои се сомневаат дека дислексијата постои?
Тоа се случува од различни причини. Некои луѓе, бидејќи проблематиката е толку сложена, воопшто не сакаат да се занимаваат со неа.
Зошто посебните способности на децата со дислексија се игнорираат?
Затоа што во училиштето примарна улога не играат општите посебни способности, туку постигнувањата во пишувањето, читањето и сметањето. Сепак, лицата со дислексија најчесто имаат надпросечни способности во други области.
