Најчесто поставувани прашања | Изјави на учесници | Проверете ја вашата брзина на читање

КАКО ДЕЦАТА ГИ УЧАТ ДА УЧАТ


На никого не му паѓа на памет да го подучува орелот да лета, затоа што тој тоа едноставно го знае. Кртицата е првак во копање на ровови, а леопардот во брзо трчање. И луѓето поседуваат исто така една кралска дисциплина: учењето. Ништо не можеме подобро од тоа и никој не го може тоа така добро како нас.

 

Талентот за учење, и тоа доживотното учење, е одлика само на луѓето. Ние учиме секаде и секогаш, можеме без потешкотии да се прилагодиме на нови, посложени задачи и ситуации.

 

Врските во нервните станициво мозокот се подобри и постабилно поврзани колку што повеќе се употребуваат. А тоа го докажале и научниците од областа на неурологијата. Она што често го правиме ни станува рутина, односно останува забележано во мозокот. Вистински прваци во учење се децата. За само неколку месеци бебето учи да фаќа, да оди, да пее и да зборува. Тригодишните деца ја совладуваат граматиката на јазикот, петгодишните деца знаат да ги врзуваат врвките на чевлите, седумгодишните деца изгледаат како вистински фудбалери, а паралелно со тоа паметат колку боцки на себе има мал еж. ..Учењето во тој период се одвива само од себе, а ние можеме само да се чудиме и да ги пуштиме децата така да продолжат.

Но, ако некогаш сме пробале да им помогнеме во пишувањето на задачата на некој осумгодишен ученик, може да ни се случи да добиеме поинаква слика. Учење на таблицата за множење? Бара многу време. Неправилни глаголи? Здодевно. За што се работи тука? Зошто луѓето наводно имаат талент за учење, а тој функционира ограничено во школското секојдневие?

 

Се чини дека се работи за начинот на кој се изведува учењето во училиштата. Имено, училиштата не ги земаат во предвид резултатите од истражувањата за мозокот кои се веќе достапни неколку децении, а кои ни говорат за тоа дека детето најдобро учи во ситуации кога може да стекне искуства, кога испробува, истражува, а најмалку кога тоа знаење му се пренесува, кога го претвораме во рецептор. Сликовито тоа би можеле да го кажеме вака: децата треба да ги запалиме како факели а не да ги полниме како празни садови. Секако дека возрасните (учителите, родителите…) знаат многу повеќе од децата, но не треба тоа секогаш одново да им го докажуваме. Наместо подучување потребно е да ја поттикнуваме детската радост и мотивираност за истражување, да ги инспирираме и да им помогнеме да ги развијат своите потенцијали.

Колку и да звучи банално: првиот чекор е да ги прифатиме децата онакви какви што се. Да ги сакаме и да ги почитуваме со сите нивни силни и слаби страни. Да гледаме и еднакво да ги вреднуваме сите особини на детето, а не само школскиот успех и да не ги споредуваме со најдобриот ученик во одделението. Сигурните деца учат подобро. Покреативни се, поиздржливи и подобро паметат. Не е ни чудно: имаат слободна глава и не мораат постојано да се преиспитуваат: Дали сум добар? Дали јас го можам тоа воопшто?…Ако веднаш на почетокот се сомневаат во успехот или очекуваат прекор, ќе им остане помалку енергија за самото извршување на задачите. Затоа добрите ученици како автоматски да стануваат уште подобри. Добрата оценка на диктатот многу повеќе поттикнува одушевување за понатамошно учење од самата информација дека тоа знаење е важно за понатамошниот живот.


Д-р. Спец. Владимира Велички

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top