Најчесто поставувани прашања | Изјави на учесници | Проверете ја вашата брзина на читање

ВИРТУЕЛНА ВЕРЗИЈА НА МОЗОКОТ


Многумина се возбудени заради можноста која нуди моделирање и симулирање на човечкиот мозок. Blue Brain Project е еден од водечките проекти кој работи на разбирање на тоа како мозокот функционира и како може да се изгради компјутер кој ќе ги симулира тие функции. Колку е ова сложена задача говорат и следните факти. Компјутерската симулација на мозокот бара и и се потребни огромни ресурси.

 

 


 

 

 


Хенри Маркрам предвидува дека дека за тоа ќе биде потребен компјутер 20 000 пати појак од сите досега произведени и со капацитет на меморија 500 пати поголем од моменталната на Интернетот. Иако ова звучи по малку неверојатно, Маркрам е самоуверен дека таа цел е достижна во следните десет години. ББП нема намера да креира уметничка интелигенција. Нивната основна намера е моделирање и симулирање на функциите на мозокот.


Исходот од тој проект би можел да биде од голема помош во истражувањето и третирањето на болестите на мозокот. Фокусот при симулирањето на мозокот се става на неокортексот. Досега ББП изработиле 3Д модели, и истражиле преку 400 видови на неурони, профили на електрични сигнали, протеински профили и уште некои елементи. Моделирањето и симулирањето на човечкиот мозок е огромен потфат и многу критичари сметаат дека никогаш нема да биде остварен до крај. Некои дуури сметаат дека целиот проект нема да открие ништо ново. Но, и истражувањето на човечкиот геном кај луѓето побуди бројни предрасуди, но сепак остварило бројни историски резултати. Според тоа, можеби и не е неверојатно да се очекува дека со време на луѓето ќе им биде достапна виртуелната верзија на мозокот на човекот со помош на која ќе можат на еден сосема нов начин да го истражуваат светот.

Погледнете ги филмовите и дознајте повеќе на:

http://inoptimum.com/index.asp?21,3876,1

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top