Односите се една од основните работи во животот. Тие не само што придонесуваат кон задоволување на потребите туку и го прават животот многу поудобен. Затоа е важно да знаеме како да дојдеме до квалитет во односите. Квалитетен однос за секој еден значи нешто друго и затоа луѓето имаат најчесто своја дефиниција за она што за нив значи исполнет однос.
Повеќето од квалитетниот однос очекуваат љубов, интимност, преданост, еднаквост, компатибилност и партнерство. Додека некои односи помеѓу партнерите се од чисто сексуална природа, сите други квалитетни односи се базирани на меѓусебно почитување и можност за јасна комуникација. Добар и стабилен однос на двајца возрасни луѓе се базира и на еднакви права, можности и одговорност.
Квалитетниот однос ги вклучува двете страни. Само со заедничка работа односите може да го псотигнат својот полн потенцијал. Но, градењето квалитетен однос започнува со секого поединечно. Многу е тешко да се промени другата личност, затоа таа промена треба да биде насочена на менување на себеси. Праксата покажува дека кога партнерите работат на подобрување на себеси, резултатите нема да изостанат и кај другиот кој ќе биде мотивиран да го стори истото..
Еден од начините за градење на квалитетни односи е запознавање со карактеристиките кои ги прават квалитетни, а некои од нив се следните:
– доживување на односот како можност за давање
– да имаш волја да се промениш
– да имаш волја да ги признаеш своите грешки
– да знаеш да слушаш
– да го поддржуваш партнерот
– да бидеш отворен кон партнерот
– да имаш свој интегритет
Наведените карактеристики може да се применат и на пријателски и на деловни односи, а факт е дека односите со вакви карактеристики со текот на времето јакнат. Но пред да се почне да се ужива во квалитетните односи потребно е да се запознае и другата страна на приказната.
