Многу наши телесни функции и нивните компоненти имаат дневни циклуси со успони и падови, на прмер температура, метаболизам, концентрација на хормони, дишење итн. Тие дневни циклуси се нарекуваат циркадијални ритмови.
Нив ги одредува изложеноста на мозокот на дневна светлина. Некои ритмови се поврзани со циклусот на будност и спиењето. Овие ритмови ги контролираат мали групи на неурони (околу 10 000) сместени во предниот дел на лимбичкиот дел.
Повеќето луѓе и сами забележуваат дека не функционираат подеднакво во секој дел од денот, па така ни способноста за фокусирање и учење не е иста во секој дел од денот. Тоа е така затоа што еден од нашите циркадијални ритмови управува со нашата способност за фокусирање на информациите со намера да ги научиме. Тој ритам може да го наречеме психолошко-когнитивен циклус. Тој прилично се поклопува кај предадолесцентите и кај возрасните луѓе, но кај адолесцентите почнува околу 1 час подоцна. На претходното ниво се враќа кога адолесцентите ќе навлезат во зрелост, најчесто на возраст од 22 до 24 години.
Кај предадолесцентите и возрасните луѓе врвот на когнитивниот циклус почнува околу седум часот наутро и трае до пладне (цело време зборуваме во приближни вредности). Тогаш доаѓа до пад кој може да потрае и околу саат време. Во тој период учењето и понатаму е можно но ќе ви биде потребен поголем напор. После тоа когнитивната способност расте, но веќе не ја достигнува онаа висина како претпладнето. Сепак доволно е на високо ниво и овозможува квалитетно учење со благо опаѓање се до околу десет часот навечер.
Кај адолесцентите сето ова се случува со еден час задоцнување. Тоа е причината зошти тинејџерите често наутро се поспани, што се одразува на квалитетот на учење. Овој ритам се пренесува и на ритамот на спиење. Адолесцентите заспиваат подоцна (не само заради излегувањата!) и се будат подоцна во склад со своите телесни ритмови. Со оглед на тоа дека почетокот на наставата не е во скалд со нивните ритмови, доаѓа до хронична ненаспаност која има далекусежни последици.
Префрлувањето на информациите во долгорочната меморија се случува во текот на спиењето, поточно, во текот на REM фазата (rapid-eye movement). Додека спиеме, нашиот мозок ги прегледува дневните настани и задачи кои ги складира на посигурно во однос на тоа како сме ги зачувале претходно. Тоа што го мислиме и говориме додека сме будни во голема мерка влијае на обликот на консолидирање на меморијата која се случува во текот на спиењето. Ова можеби објаснува зошто луѓето кои ќе се присетат на важните податоци пред спиење веројатно утре ќе се сетат на истите додека го пишуваат тестот.
Квалитетниот сон е клучен за процесот на меморирање, особено кај младите. Повеќето тинејџери треба да спијат околу 9 часа секоја ноќ, но многумина од нив не спијат доволно од веќе наведените причини.
Не само што продолжуваат да се проѕевнуваат, туку со спиење 2-3 часа помалку од потребното губат 2 REM циклуси со што се скратува времето во кое мозокот ги консолидира информациите во долгорочната меморија. Па оттука многу е веројатно тоа да доведе до послаби оценки и до пад на самодовербата. Ненаспаните ученици се склони повеќе кон депресивни расположенија.
Некои видови меморија се консолидираат и додека сме будни (на пример, декларативната меморија), и изгледа дека не се сите подеднакво зависни од REM фазата. Меѓутоа, REM фазата и понатаму е многу важна, а спиењето не игра улога само во помнењето туку и во многу други телесни процеси. Затоа неопходно е да ги потсетувате учениците и студентите на важноста од доволен и квалитетен сон за нивното ментално и физичко здравје.
Многумина од нас сметаат дека немаат доволно време за креативност. Но овде испуштаме од вид еден факт а тоа е дека е креативноста може да се случува во секој момент. Кога ќе се каже да се случува тогаш се мисли дека секој ден, цел живот може да биде проткаен со креативност
