Со оглед на тоа дека секој од нас има огромен креативен потенцијал, прашање е зошто не го користиме? Кога ни е на располгање и дали го има бесконечно многу? Пред да ги кажеме начините за зголемување на креативноста во животот потребно е поподробно да се објаснат заблудите кои ја кочат креативноста. Најчесто тоа се верувањата кои не одвојуваат од нашите потенцијали, па ајде да влеземе под површината и да видиме за што се работи.
Заблуда бр.1 – Многумина од нас сметаат дека немаат доволно време за креативност. Но овде испуштаме од вид еден факт а тоа е дека е креативноста може да се случува во секој момент. Кога ќе се каже да се случува тогаш се мисли дека секој ден, цел живот може да биде проткаен со креативност.
Креативноста е работа на избор. Нејзината појава е секогаш изненадна и таа не бира место и време. Кога ќе се случи треба да се воочи и да се искористи. Кретивноста ни станува начин на живот. Тогаш секоја работа во денот, во било кој сегмент од животот ни станува креативна. Тогаш не бираме моменти со кого и кога ќе бидеме креативни туку такви сме цело време. Тоа станува наш стил на живот – да се ужива во секој момент и да се движиме во склад со сопствената спонтаност.
Заблуда бр.2 – Најчест облик на постигнување на креативноста е страв од истражување на свои идеи. Всушност овде се работи за страв од проценување, односно стравот што ќе речат другите на нашите идеи. Но дали е нормално да се очекува од креативноста да боде нормална? Секој израз на креативност е нов и оригинален поглед на светот и тоа е суштината на секоја идеја. Затоа нема место за страв, затоа што невообичаеноста оди рака под рака со креативноста.
Стравот од проценувањето лежи во таа невообичаеност. Заради неа ретко кој сака да ги изнесе своите идеи затоа што знае дека ќе биде поинаков, што би можело да донесе лоша репутација. Но стравот од лоша репутација лежи само во чувството на страв. Ако имаме доволно самодоверба и веруваме во своите идеи никогаш нема да бидеме исмеани туку ќе бидеме несфатени. Некои ќе ги препознаат нашите идеи а некои ќ е ги отфрлат. Така одат работите во светот и тука нема ништо лошо.
Заблуда бр.3 – Во склад со заблудата број два, третата зборува за недостиг од самопочитување. Во креативноста се работи за придвижување на границите. Кретаивноста е секогаш одење надвор од сигурниот терен во нешто непознато, како за нас така и за другите. За да можеме со тоа непознато да се носиме, треба да имаме висок степен на самопочит. За да бидеме препознатливи во однос на другите потребно ни е самопочитување, затоа што креативноста не води во неистаражени области кои за да заживеат бараат наша потполна наклонетост. Ако сакаме да бидеме креативни и на светот да му ги понудиме нашите идеи, потребно е да се одлучиме да ризикуваме.
Во спротивно, секогаш ќе отстапуваме од нашите внатрешни стремежи кои сакаат да излезат само за да останеме на сигурна позната зона. Во овој случај се исплати да ризикуваме, ако одлучиме за тоа.
Заблуда бр.4 – Креативноста не познава неуспех, но стравот од неуспех е кочница за нашиот потенцијал. Со тој страв никогаш нема да почнеме да ги кажуваме своите идеи. Тој страв од неуспех ни ја блокира креативноста затоа што ни зборува дека тоа што го сакаме нема да ни донесе резултати. Неуспехот се покажува во два облика – или ние не сме задоволни со резултатите кои сме ги постигнале т.е работите не се одвивале онака како што сме замислиле, или на другите не им се допаѓа она што го работиме. Сите ние успеавме да реализираме само мал процент од креативноста која ја имаме во себе. Зошто?
Од две причини. Или не сме успеале да ги материјализираме сите идеи кои ни дошле или тие не функционирале. Но во тоа нема ништо лошо. Ако ги испробаме нашите идеи и тие не функционираат, барем знаеме дека сме пробале и нема да жалиме по нив затоа што знаеме дека сме дале се од себе и дека не одело. А што се донесува до бројните идеи од кои само неколку се реализираат – работата е во тоа што се материјализираат оние за кои ние ќе одлучиме да ги материјализираме и оние кои за нас имаат смисла. Па во што е проблемот?
Постигнете повисока креативност
За да бидеме креативни мајстори потребно е да изградиме свој креативен профил и да направиме простор и време за покажување на истиот. Би било пожелно секој од нас да пронајде свои рамки во умот кои ќе подржуваат креативност. Од што треба да се состои таа рамка? Првенствено од прашања кои ќе ни дадат одговор на тоа што не поттикува на креативност, во какво окружување сме најкреативни, дали подобро функционираме сами или во група итн.
Кога ќе ги најдеме овие одговори тогаш имаме подлога која можеме да се смести во простор и време. Пред се, креативноста се состои од оние работи кои не се моментално достапни и кои веќе сме ги насетиле. Ако го отфрлиме она што веќе сме ги насетиле. Ако го отфрлиме она што веќе ни стои на располагање тогаш ги отфрламе нашите соништа и она што веќе му дошло време да влезе во нашиот живот. Креативноста како и се друго бара да ја следиме со сопствен ритам на спремност и за нејзината појавност.
Повисока креативност ќе ни донесе поголема љубопитност. Колку повеќе се запрашуваме толку повеќе наоѓаме начини и алтернативни можности за да дојдеме до крајното и најдоброто решение. Новите опции на функционирање со кои ќе ги замениме досегашните може да бидат одлична можност за нови искуства и сознанијата, па зошто да не?
Она што многу придонесува за зголемување на креативноста во животот е кршење на рутината. На тој начин се помрднуваме од позицијата на автопилотот во позиција будна, свесна и повторно жива личност, па оттаму што е креативноста ако не животност? Создавање на нови врски во мозокот и со тоа си создаваме во себе прекрасно чувство кое носи промена. Креативноста е извор на животот затоа што дава будност и можност за експанзија. Да се влезе во неа е предизвик а да се живее со неа е задоволство.
