Најчесто поставувани прашања | Изјави на учесници | Проверете ја вашата брзина на читање

ВОЛШЕБНИК НА УМОТ


Во светот се повеќе е познат методот наречен mind mapping кој го иновирал Тони Бузан. Ова револуционерно средство на користење на умот го користат над 250 милиони луѓе преку кое го ослободуваат својот ментален потенцијал.

Mногу школи се повеќе го прифаќаат овој начин на изразување. “The Times” напиша дека Бузан направи толку за мозокот како што направи Hawking за вселената. Во прилог на квалитетот на бузановиот метод на учење и истражување оди и инспиративниот документарец на BBC со наслов “In Search of Genius”. Бузан во овој документарен филм спроведува експеримент на група ученици кои ги подучува на најдобар начин на учење и мотивирање. Испитаниците му се 6 подпросечни ученици кои имаат ограничени вербални способности, проблеми во однесувањето и проблем со краткорочната меморија. Иако повеќето педагози ги отпишаа овие ученици етикетирајќи ги како неуспешни, Бузан побарал шест месеци за да го докаже спротивното. Психолозите воочиле 70% подобрување во когнитивните способности кај децата како и петпати поголем напредок од вообичаениот кај вербалните способности.

Погледнете повеќе….

http://www.youtube.com/watch?v=wz_2undwiqY

http://www.youtube.com/watch?v=MlabrWv25qQ&feature=PlayList$p=ED65C432f3C5DFCC&index=0


 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top