
ПОДОБРЕТЕ ЈА РАБОТАТА НА МОЗОКОТ
Меѓу многубројните совети како да се влијае на способноста за мислење и учење, пронајдовме пет лесни правила кои можеме секојдневно едноставно да ги применуваме.
Во денешно време на брзање забораваме на себе, своето тело и својот дух, а времето ни проаѓа како песок низ прсти. Животот е краток, а ние живееме се побрзо.
Како и телото така и мозокот треба вежба да би се одржал во форма. Ако вежбате редовно и правилно, брзината на вашиот фокус и способноста на мислењето видно ќе се подобрат. Обратно на тоа, ако не го вежбате мозокот или тоа го правите неправилно, способноста за мислење и учење ќе бидат се послаби.
Значи во продолжение ќе прочитате пет едноставни начини како вашите сиви станици да станат попродуктивни.
1.Помалку гледајте телевизија–“Уф,тоа ќе биде тешко!” ќе помислат многу. Најлесно е да се седи и да се преживува покрај “магичната кутија”. Но проблем е во тоа што гледањето телевизор не вклучува користење на вашиот ментален капацитет ниту пак со таа работа мозокот се полни. После неколку часа поминати пред телевизор, ќе се чувствувате и понатаму уморно, исцрпено, поспано, а за болката на вашите очи подобро и да не разговараме. Ако посакате да се одморите, подобро тоа направете го со добра книга или едноставно слушајте музика.
2.Вежбајте-физичката активност го подготвува мозокот за активностите кои следат, ја подобрува способноста за учење, ја прочистува крвта и го подига нивото на енергија потребно за учење. Значи, погрешно е размислувањето дека вежбањето само ќе ве умори. Потполно обратно, после добра вежба, полесно се учи и подобро се памти.
3.Читајте возбудливи книги-секако дека постои време кога ќе посакате за “лесно” четиво, и во тоа нема ништо лошо, ама такви книги не го стимулираат мозокот. За да ги подобрите своите способности за мислење и учење , потребно е сепак да се читаат потешки книги,оние кои ќе ве натераат да се фокусирате. А да не зборуваме колку ќе научите нови зборови и поими, така што нема да сакате набрзо да се вратите на старите навики за читање.
4.Ако можете да си дозволите-рано на спиење, рано станување- Истражувањето докажало дека сепак ние сме најспособни и најпродуктивни рано наутро.Секако тоа го вклучува и нормалниот фонд на часови сон. Најдобро би било кога редовно би спиеле 7-8 часови, а се под 5 часа сон може само да ни штети. Раното будење ни дава можност за искористување поголем број продуктивни часови и ги максимизира менталните активности во текот на целиот ден.
5.Најдете време за евалуација – На нашите “важни” мисли им сметаат разни внатрешни и надворешни фактори. Тешко се концентрираме и почесто се случува започнатото премногу да го одложуваме или да не го ни завршиме. Времето за промислување и за евалуација ќе ви овозможи организирање на мислите и обврските. Тоа време може да биде еден момент од вашиот ден кога ќе си се посветите на себе, дали во автобус додека гледате низ прозорот, или додека шетате и др. Затоа, тоа време немојте да го користите за размислување за проблеми, туку за решенија, без нервози и напнатост, оти тоа не ви помага.
Едноставни совети, зар не? Испробајте и бидете дследни, и не заборавајте-малите работи го придвижуваат светот!
