ЗОШТО Е ВАЖНО БЕЛЕЖЕЊЕТО
Додека учите и бирате важни информации во текот на читањето треба да правите забелешки…Има студенти кои не сакаат да забележуваат, туку повеќе сакаат да ги истакнуваат само важните информации во текот на читањето со маркер и да ги читаат до бесконечност.
Но запишувањето во текот на читањето ќе го разјасни и прочисти текстот кој подоцна ќе можете полесно да го повторите и запомните.
Смислата на запишувањето не е само бележење на важните информации. Тоа ве држи активно вклучени и ве тера да размислувате за материјалот. Она што визулено сте го доловиле, сега физички ви помага да разберете и да запомните. Пишувањето е и кинестетичка работа – движење, а движењето е врзано за помнењето. Ако кон тоа текстот барем повремено го претворите во симболи и цртежи на хартија, дополнително сте го ангажирале своето сетило за вид. Колку повеќе сетила активирате во текот на читањето, повеќе ќе го вклучите својот мозок, што значи дека подобро ќе разбирате и паметите.
Меѓутоа многу е важно тоа запишување да не биде препишување. Парафразирајте ги зборовитре на авторот, настојувајте да употребувате што е можно повеќе ваши зборови. Ако само ги препишувате туѓите зборови, нема гаранција дека сте ги разбрале информациите. Секако, кога парафразирате, пазете да не го промените значењето на авторот.
Белешките треба да бидат што пократки значи: кратете и сублимирајте на најмалку зборови, а сепак да ви биде разбирливо кога ќе повторувате. Тоа воесно ќе ве тера и да парафразирате но и да размислувате за материјалот. Колку повеќе размислувате, толку подобро ќе разберете и запомните.
Немојте да запишувате читајќи реченица по реченица. Прочитајте барем еден пасус, а уште подобро поглавје, па тогаш одберете што е важно. Додека запишувате не гледајте во текстот – пробајте по сеќавање да запишувате (одвреме навреме само фрлете поглед). На овој начин ќе бидете принуени да се присетуватеслика вреди 1000 зборови, но сепак тие графички прикази ќе треба да ги објаснувате на испит. Така тоа ќе придонесе за подобро разбирање.
Своите белешки структуирајте ги и организирајте ги – така што ќе создавате врски помеѓу нив. Исмислете свои картички и симболи. Не само што ќе го скратите времето на бележење, туку и ќе ги претворате информациите во нешто лично и блиско.
Користете поединечни листови хартија наместо тетратка. Додека учите, треба повремено своите белешки да ги ставате пред себе за да имате широка слика, а со тоа ќе го активирате визулено-спацијалното паметење. Затоа е добро да им ставите број на страните и да ставите датум. Затоа пишувајте само од една страна на листот.
Компјутерот е одличен за други работи но немојте на него да ги правите белешките! Ја немате истата слобода и можности како со моливот, фломастерите и хартијата. Подобро ќе запомните колку што сте покреативни при бележењето – а креативноста на хартија е неспоредливо поголема!
Значи, бележењето има важна улога во разбирањето на материјалот. Колку повеќе го активирате вашиот ум додека читате, подобро ќе разбирате и паметите. А кога еднаш ќе направите белешки, на текстот не треба да се враќате повторно и пак да го читате. Служете се само со информациите кои сте ги преточиле на свој јазик.
