Најчесто поставувани прашања | Изјави на учесници | Проверете ја вашата брзина на читање

БРЗО ЧИТАЊЕ И ФОКУСОТ

 


 Што е имагинација?
Имагинација е замислување на слики. Статистички е докажано дека луѓето кои имагинираат, имаат бујна фантазија, подобро помнат од оние кои тврдат дека немаат способност за фантазирање.

Искуството на обучувачите за брзо читање говори дека со вежби низ разни техники многу лесно се развива имагинацијата.

Што е визуелизација?
Со вежбите за поттикнување на визуелизацијата, на семинарот Брзо читање се учиме да создаваме слики и да гледаме во слики. Докажано е дека подобро паметиме и воочуваме ако создаваме слики и замислуваме. Секој човек кој сака да биде успешен мора да имал цел. Многу е тешко да се оствари цел ако немаме визија. А визијата е слика на сите учесници од нашата цел и емоции кои ги имаме кога таа цел ја остваруваме. Со оглед на тоа дека човекот е емотивно суштество, го движат емоциите и токму таа позитивна емоција од нашата визија, не турка да ја оствариме нашата цел.

 Фокус
Колку ќе бидеме успешни во читањето зависи од нашата насоченост, фокусот. Учесниците на семинарот Брзо читање учат како да бидат насочени, односно како да ги избегнат замките на растроеност. Честопати мислат дека имаат проблеми со концентрацијата, односно ги мешаат поимите концентрација и фокус.

Концентрацијата е свесно наговарање на самиот себе за да го насочиме вниманието кон нешто. Причините за распрсканоста на нашите честички на вниманието се слаба мотивација, недостиг на интерес за темата, несоодветна брзина на читање, недостиг на вокабулар како и лоша организација. Последица на сето тоа е дека чиниме свесен напор. За разлика од тоа фокусот е опуштена состојба на будност (алфа состојба). Да се биде во фокус значи да се чита, пишува, решава задачи, да се програмира и со леснотија да се постигнува целта без растоеност. Остварувањето на целта буди позитивна емоција.

 

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top