Најчесто поставувани прашања | Изјави на учесници | Проверете ја вашата брзина на читање

КАКО ДА ИЗГРАДИМЕ ДОВЕРБА ВО ОДНОСОТ?


КАКО ДА ИЗГРАДИМЕ ДОВЕРБА ВО ОДНОСОТ?

Довербата е еден од основните чинители на успешниот однос. Ако помеѓу партнерите нема доверба …

Ако помеѓу партнерите нема доверба ќе дојде до меѓусебно затворање и ќе има многу неисполнети потреби.
Многу парови имаат проблеми со недостиг на доверба. Но и за тоа има лек.

 

Довербата се базира на предвидливост.


Секогаш кога нашето однесување ќе стане непредвидливо, партнерот ќе шочне да се сомнева. Да се биде предвидлив не значи да се биде здодевен туку конзистентен во она што го работиме. Тоа значи ако изненадно го промениме нашето однесување, некои навики или слично без некоја видлива причина, ќе посееме семе на сомнеж во својот однос. Токму заради непредвидливоста на пример еден од партнерите почнува да се сомнева во другата страна дека има љубовник/ца ако тој/таа почне да доаѓа многу подоцна дома од обично.


Да се биде предвидлив не значи дека не можеме да бидеме спонтани. Ако спонтаноста е еден од нашите квалитети, тогаш конзистетно ќе ја манифестираме и таа не е под никакво влијание на предвидливоста. Спонтаноста е квалитет кој или некој го има или го нема, па според тоа или ја користи или не.


Непредвидливоста не е лоша ако за неа го известиме партнерот. Секој од нас од време на време поминува низ некои промени. Во такви моменти можеме да бидеме многу непредвидливи затоа што тоа се моменти во кои нашиот живот добива нова смисла, но пред тоа мора да помине низ фаза на трансформација од старо до ново.


Ако го известиме партнерот за тоа што ни се случува, ќе си го олесниме животот и на себе и на него/неа. Во вакви моменти најмногу ни е потребен некој што ни е близок. Меѓутоа ако другата страна не е упатена во она што ни се случува, нема да има многу разбирање за она што ни се случува затоа што ќе биде уплашена и збунета.

За доверба особено е важно да се усогласат своите зборови со невербалната комуникација. Никој не сака да слушне една приказна која доаѓа вербално и да види друга која се одвива невербално, но не одговара на првата. Во такви ситуации не знаеме на која приказна да и веруваме. Дури и ако се работи за мали работи, пожелно е да се биде искрен. Ако на вакви работи сме слаби, тогаш само дополнително ја нарушуваме довербата која сакаме да ја задржиме или зајакнеме.


Верувањето дека другата особа е компетентна е особено важно за градење на довербата. Како да знаеме дали веруваме во компетентноста на партерот? Ако се воздржуваме од изнесување на одредени информации на другиот или ако го/ја сметаме за послаб/а, тогаш немаме доволно верба во неговата/нејзината компетентност.


Факт е дека вистината е конструктивна и дека не може да донесе деструктивни исходи. И да биде тешко да ја кажеме, нејзините последици ќе одат во прилог и на нас и на партнерот. Постојат многу позитивни начини на кои може да се каже вистината со многу љубов.


Од друга страна, ако го сметаме партнерот за послаб, тогаш ќе сметаме дека не може да се носи со конфронтацијата. Согласно со нашето верување, другата страна навистина ќе почне да се чувствува слабо и ќе избегнува конфронтација. Зошто? Затоа што знае дека не и даваме можност да биде јака и да ја покаже својата сила. Ако веруваме во внатрешната сила на својот партнер, ќе си го олесните животот на двајцата.


Верувањето во компетентноста на другата страна треба да доаѓа од срце и треба да биде исполнето со потполна доверба во фактот дека нашиот партнер може да се носи со се што се случува еднакво добро како и ние. На тој начин ја градиме довербата на другата личност кон нас.



Тајните се основна работа кои може да ја уништат довербата во односот. Зависно од тоа за каква тајна се работи толку енергија се одзема од односот. Ако нешто таиме, другата страна тоа секогаш го чувствува. Факт е дека не би смееле да се сомневаме во интуицијата на другата личност. Ако нашиот партнер не може да си верува себеси, нема да може ни на нас. Зошто? Ако нам интуицијата ни праќа една порака, а однадвор гледаме нешто друго, ништо нема да ни биде јасно затоа што ќе се изгубиме во многуте информации.

Тајните ја нарушуваат интимноста која постои помеѓу партнерите. Оние партнери кои имаат многу тајни помеѓу себе имаат и многу ѕидови. Колку повеќе тајни толку повеќе ѕидови градиме помеѓу себе и партнерот. На крај се поставува прашањето: која е смислата на односот, ако се повеќе се затвораме од лицето со кое сме во однос/врска?


Суштината е во тоа што пожелно е да се решат оние тајни со партнерот кои не сме ги решиле сами со себе затоа што тие ни одземаат многу енергија. Тоа се оние тајни кои кога го поминуваме времето со партнерот очигледно го гушат комуникацискиот простор помеѓу нас и партнерот. Заради нив не можеме јасно да го доживееме партнерот ниту било што друго што се случува помеѓу нас и партнерот.

Ако чувствуваме дека некоја тајна премногу го гуши просторот помеѓу нас и партнерот, потребно е нешто да се направи по тоа прашање. Во спротивно се повеќе ќе се затвориме во себе и нивото на интимност ќе ни паѓа се повеќе. Постојат многу начини на кои може да се каже вистината на партнерот. Доволно го познаваме за да знаеме кој конструктивен пристап е најдобро да го избереме…



 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top