ИМАТЕ ЛИ НАРУШУВАЊЕ НА ФОКУСОТ?
За нарушувањето на фокусот се смета дека е 75% наследен. На лицата кои имаат нарушување на фокусот не им недостига насочено внимание.Она што им недостига е способност за фокусирање/насочување на вниманието на саканата работа во потполност што доведува до намалување на способноста за акција.
Нарушувањето на фокусот е многу тешка болест, а најчесто лечењето на ова пореметување во денешната медицина вклучува користење на тешки лекарства.
Според зборовите на лекарите, некои од симптомите на нарушување на фокусот се:
– особена подложност на прекинувања предизвикани од надворешни дразби
– потешкотии во одржување на вниманието на задачите или активностите
– често префрлување на вниманието од една незавршена задача на друга
– често неслушање на она што се зборува
Исто така често се забораваат работите неопходни за извршување на задачата или активностите. Лицата со нарушен фокус имаат потешкотии при мирно седење на едно место кога е тоа неопходно како и во следење на инструкциите во врска со нешто…итн.
