КАКО ДА СЕ ПОБЕДИ СТРАВОТ ?
Не постои личност која никогаш не се соочила со стравот.Стравот е емоција која настанува кога во повеќето случаи ни се случило нешто што во потполност не е стварно а ни се чини стварно.Со оглед на тоа што стравот создава бројни симптоми кои ни го оневозможуваат нормалниот живот, ајде да видиме како да се поставиме кон него.
Стравот е емоција која не исфрла од зоната на комфорност.
Токму заради тоа стравот ни создава толку силна непријатност додека не обзема. За да можеме адекватно да се соочиме со стравот, битно е да дознаеме зошто некој страв ни се појавува. Кога ја знаеме причината за своите стравови, тогаш ја намалуваме нивната вредност т.е ги ослабуваме.
Ако се занимаваме само со прашањето како да го решиме одредениот страв, нема да имаме толку резултати отколку кога би се прашувале зошто. Одговорот на тоа прашање само по себе ни го наметнува решението т.е одговор на прашањето Kако.
Во најголем процент сите емоции кои ги доживуваме имаат психолошка основа, па така и стравот. За да можеме да надвладееме некоја емоција која ни го отежнува животот, во овој случај тоа е стравот, потребно е да се позанимаваме со причините на нашата реакција.
Стравот е емоција која не спречува во нашата акција. Ако и допуштиме да го направи тоа, само ја засилуваме. Наместо тоа, многу подобра опција е да се соочиме со стравот, да си допуштиме да поминеме низ него така што ќе продолжиме да го работиме она во што тој не спречува.
На пример многу луѓе имаат страв од јавен настап. Единствен начин да се надвладее е да се ставиме во ситуација на јавен настап. Можно е дека ќе направиме неколку грешки кои ќе бидат резултат на стравот кој не обзема, ама преку нив ќе научиме лекција која следниот пат нема да ја повториме. Со самото тоа секој следен пат кога ќе се соочиме со ситуација од која се плашиме го ослабуваме стравот.
Стравот е емоција која не спречува да живееме според сопствените правила. Квалитетот на нашиот живот многу длабоко е поврзана со емоциите кои ги имаме во себе и со кои ги поминуваме деновите. Изборот е на нас – која емоција секој ден ќе ја одбереме како приоритетна.
Секое придвижување и успех во животот е поврзан со квалитетот на нашите емоции. Колку подобро емоционално стоиме, толку поголем квалитет на животот ќе постигнеме.
Било да се работи за чувство на љубов, ентузијазам, слобода, радост, задоволство, мир или некое друго чувство, ако сме константно во тоа чувство тоа
ќе ни овозможи побрзо и полесно придвижување. А стравот е емоција која го чини спротивното.
Кога се зборува за соочување со стравот, од витална важност е фактот на што ни е фокусот. Квалитетот на нашиот фокус го одредува квалитетот на нашиот живот. Секој од нас може да избере дали ќе се движи по правилата на она што не го сака или на она што го сака.
Се на што сме фокусирани тоа расте. Ако фокусот ни е цело време на стравовите, тогаш тие ќе стануваат се поголеми и посилни. Во спротивно, ако го насочиме фокусот на работите кои сакаме да ги постигнеме во животот, стравот за нас ќе претставува само едно мало скалило која треба да ја поминеме за да дојдеме до она кон што тежнееме. Квалитетот на нашиот фокус е невидлив водич кој не води во насоката која сме ја одлучиле.
Квалитетот на фокусот не можеме да се обидуваме да го имаме. Тоа одлучуваме или да го имаме или да го немаме.
Како ќе ја доживеме одредена ситуација, зависи од тоа колку сме вешти во управувањето со својот фокус и емотивните состојби. Секогаш имаме избор – да се фокусираме на ова или на она или да се биде во оваа или онаа состојба. Прашање е само што ќе одбереме и колку сме свесни за изборот што го имаме.
Секоја ситуација која ја проживуваме има свои добри, позитивни и посакувани страни. Прашање е само дали ги воочуваме тие страни. Кога чувствуваме страв, ние сме фокусирани на потполно спротивните карактеристики од горенаведените. Кога ќе го промениме својот фокус, и во крајна линија барем ја воочиме во целата ситуација, ако ништо друго можноста за раст тогаш многу ќе си го олесниме животот.
Стравот настанува под влијание на мислите кои го побудуваат. Кога се наоѓаме во ситуација која не застрашува, токму нашите мисли се одговорни за емоцијата страв која следува после неколку секунди. Клучот е во тоа да ги освестиме своите мисли и да ги префокусираме на оние кои имаат поинаков квалитет и за нас поголема вредност во животот. Наместо да мислиме дека нешто лошо ќе ни се случи, многу е подобар изборот да го насочиме својот фокус на нешто позитивно. На тој начин не допуштаме стравот да не блокира и ќе можеме да управуваме со ситуациите во кои се наоѓаме.
Управувањето со сопствените мисли бара многу вежбање. Но ако навистина се потрудиме и бидеме истрајни во освестувањето и менувањето на она што го мислиме, резултатите ќе бидат одлични. Еднаш кога правењето ќе ни стане навика, се ќе оди многу полесно. За почеток доволно е да ги освестиме своите мисли, особено во ситуации кога ќе ни се разбуди стравот, и да го менуваме целиот систем во глава. Мислите кои ни се јавуваат во точно одредени ситуации се секогаш исти. Кога еднаш ќе го освестиме тој спектар на мисли, во иднина ќе ни биде многу полесно да ги препознаеме и да ги замениме со некои попозитивни.
