
ЗНАЕТЕ ЛИ ДА УЖИВАТЕ ВО ЖИВОТОТ ?
Секој знае, сеедно дали е свесен за тоа или не, дека е мо жно да се ужива во животот.Но можноста за уживање во животот честопати се одложува заради стравот или некои други фактори.Најчесто повеќето луѓе не се ни свесни дека им недостига длабочина и исполнетост во животот.
Како клуч на уживањето во животот се смета живеењето од позиција на сегашниот момент. Имено, уживањето во активностите, акциите и сличните категории кои сега се присутни во животот на секого од нас ја зголемуваат радоста на живеењето. Потполна присутност во се што постои во животот каков што моментално го имаме го доведува човекот во позиција на уживање во животот. Eckhart Tolle, автор на книгата „Моќта на сегашниот момент”, изнесува интересни податоци. Имено тој тврди дека многу луѓе живеат во состојба на огромна фрустрација затоа што очекуваат дека преку надворешните дејства и предмети дека ќе постигнат радост во живеењето. Но работата е во тоа дека потполната посветеност на активностите, сеедно дали сакаме или не сакаме да ги работиме, буди во нас животна тишина т.е внатрешна димензија на свеста која ја преточуваме во секое свое делување и на тој начин го откриваме задоволството во се она што го работиме.

2009-03-22
