Најчесто поставувани прашања | Изјави на учесници | Проверете ја вашата брзина на читање

ВЕШТИНАТА БРЗО ЧИТАЊЕ ГО РАЗВИВА МОЗОКОТ

ВЕШТИНАТА БРЗО ЧИТАЊЕ ГО РАЗВИВА МОЗОКОТ


Човечкиот мозок се состои од лева и десна хемисфера.
Се протега на целиот дел на главата од челото до тилот.

 

Задолжен е за организација, помнење, одлучување, разбирање, креативност, музика и говор. Со развивањето на академските, интелектуалните, деловните како и интуитивните, креативните и уметничките вештини ги користиме двете хемисфери на мозокот.


Американскиот психолог Роџер Спери открил дека додека работи левата страна на мозкот десната се одмора и обратно. Меѓутоа, најуспешни сме кога ги користиме двете истовремено. За жал, со погрешната наобразба и информации, повеќето од нас се сметаат надаpени односно ненадарени за одредени вештини (пеење, сликање, читање…)

Заради таквото верување, создаваме лоша слика за себе и се чувствуваме успешни или неуспешни. Цел на секој човек е да ги искористи своите потенцијали и да развијат сопствени способности. Докажано е дека новоразвиените вештини во потполност се вклопуваат во веќе развиените проширувајќи ги уште повеќе.

Вештината на Брзо читање во потполност ги задоволува настојувањата за рамнотежа помеѓу двете хемисфери т.е нивна истовремена активност. Секој човек кој ја совладува вештината Брзо читање, избегнува ментално пропаѓање.


 Повеќекратна интелигенција
Стандардниот тест за интелигенција опфаќа вербална и нумеричка интелигенција. Нумеричката вредност на тестот е изразена како човечки коефициент на интелигенција IQ.

Сите мислиме дека сме многу паметни ако имаме висок IQ. Се покажало дека луѓето со висок коефициент на интелигенција често немаат развиена емоционална и социјална интелигенција. Според најновите истражувања многу сме паметни (генијалци) ако владееме со што поголем број на интелигенции. А сите наши интелигенции се: старателска, лична, социјална, духовна, емоционална, сексуална, нумеричка, просторна и вербална.

Самиот семинар за Брзо читање е конципиран така што во подготвителниот дел го поттикнува развојот на сите интелигенции.

Учесниците на семинарот развиваат позитивна емоција кон читањето, учат како да го насочат и да го одржуваат вниманието како и да ја развиваат имагинацијата и визуелизацијата.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top