ЗАКОНИТОСТИ НА
ЖИВОТНИОТ ПРОСПЕРИТЕТ
Во главите на
многумина лежат уверувања кои се длабоко вкоренети, а според некои и несвесно
дека животот ќе им се промени со некоја надворешна сила и влијание.
Тие уверувања се блиски на следните размислувања:
* ќе заработам многу пари без ништо да вложам
* ќе заработем пари легално без да нудам некаков производ или услуга
* судбината ќе ми донесе квалитетен партнер
* ќе се смири ситуацијата во семејството, треба само да пројде време
* следната година ќе ми се промени животот
* односите во животот ќе ми се подобрат сами од себе
* здравјето не ми е добро оваа година, но идната ќе ми биде подобро
Како подлога на ваквите изјави лежи несвесноста во врска со функционирањето на
животните принципи. Ништо во животот нема да се подобри само од себе. Секој
напредок и секое поквалитетно функционирање бара наша вклученост, затоа што
нашата вклученост го насочува нашиот живот.
Постои можност да се живее без лична вклученост, но тогаш не го живееме
својот живот затоа што не управуваме со него ние туку
околностите. Ако не сме
господари на својот живот, не можеме ниту да го живееме на најдобар можен
начин. Тогаш се јавуваат уверувања слични или исти на горенаведените.
Живот каков што
сакаме да живееме не е можно туку така да го добиеме. За да живееме во таква
структура, треба на неа да поработиме. Пред се треба да одредиме: што сакаме да
работиме и на кој начин сакаме да го поминуваме нашето време? Во дефинирањето
на ваквите работи не е пожелно да се прават компромиси. Секој компромис не
оддалечува од дефиницијата за “најдобар живот“. Се разбира најдобар живот за
една личност не мора да биде најдобар за друга.
Потребно е да се освестиме што навистина сакаме и да го следиме својот
инстинкт. На тој начин можеме да се придржуваме до своите вистински желби и до
она што навистина веруваме дека го заслужуваме на начин за кој веруваме дека ги
заслужуваме. Да го живеем животот кој го сакаме и за кој веруваме дека го
заслужуваме не става во зона на комфорна позиција во која секој момент станува
задоволство.
Токму заради фактот што повеќето не го живеат својот живот од соништата,
постои толку незадоволство, негодувања и фрустрации во светот. Од таква
позиција не е можно да се осети животна радост, ентузијазам и љубов кон
животот.
Но, што значи да
се живее најдобар живот? Кога би пробале тоа да го дефинираме, што би значело
тоа? Да се живее својот најдобар живот значи да се следи својата смисла,
својата вистина затоа што само животот исполнет со вистина може да биде живот
кој исполнува. Значи, ако не живееме на таков начин, се околу нас на некој
начин ќе ни укажува на тоа. Пред се ќе заклучиме дека сме на “крив пат“, според
својата внатрешна состојба. Како? Така што ако го пренесеме вниманието на
себеси внатре и пронајдеме разни непријатни сензации, ќе знаеме дека нешто не е
во ред.
Сите ние имаме свои цели и желби па затоа тоа треба да биде
примарно во начинот на поминување на времето. Вниманието постојано треба да ни
биде насочено на тоа.
Пречките на начиот пат кон остварување на целите се предизвици кои ја
тестираат нашата истрајност и преданост на сопствените вредности. Затоа е многу
важно никогаш да не се откажуваме. Ако сме сигурни дека она што го сакаме да го
оствариме она вистинското, тогаш ќе одиме кон тоа без оглед на се. Евентуално
ќе направиме некои измени, но тоа само заради флексибилност на нашиот голем
план.
Кога ќе наидеме
на некоја пречка многу е поедноставно да се откажеме од се, наместо да бидеме
упорни и да продолжиме напред. Како што сите знаеме, за сите на овој свет
постои причина, па така и за можните пречки на кои може да наидеме. Но тоа не
треба да не обесхрабри. Од секоја помината пречка ќе излеземе поголеми и
посилни.
Уверувањето дека никогаш не се откажуваме со времето носи одлични
резултати. Освен што не прави посилни, похрабри и поодлучни, тоа ни носи и
огромна среќа од причина што со секој чекор сме поблиску до животот кој
отсекогаш сме го посакувале.
На кој начин да се преиспитаме во колкава мерка го живееме животот од
нашите соништа?
Многумина од нас се фокусирани на своите слабости, недостатоци и се она што
влегува во категоријата на негативно гледање на личната особеност. Тоа е првата
причина зошто животот не ни оди на начин на кој би сакале да оди. Дали некогаш
сме се запрашале дали сме лоши во нешто затоа што тоа е дел од нашата природа,
а не затоа што имаме некоја мана? Секако дека постои можност и во нешто да
немаме доволно искуство, но ако и покрај тоа, и сите технички причини,
чувствуваме напор додека го правиме тоа, дали сме навистина ние создадени за
таа работа? Интересно прашање.
Зошто воопшто да
си поставуваме вакво прашање? Затоа што работите кои произлегуваат од нашата
вистинска природа ги правиме со леснотија, без напор, тензија и без било каков
проблем. Таквите работи течат низ нас додека ги создаваме и изведуваме, затоа
што се дел од нас, а кога нешто е дел од нас тогаш енергијата може слободно да
тече. Затоа е многу попаметно да се фокусираме на своите квалиетети,
потенцијали и таленти и да ги култивираме. И тогаш може да наидеме на напор, но
тогаш се работи само за тензија која е нормална во почетната фаза додека се
прилагодуваме и затоа може многу брзо да ја решиме.
Многумина од нас ја заборавиле својата страст. Овде се мисли на оној
динамичен, течен импулс кои блеска од нас и кој ги движи работите. Импулс кој
се јавува кога работиме нешто од днотот на душата. Да се биде во контакт со
својата страст е најважен фактор во креирањето на саканиот живот. Како да ја
откриеме? Многу едноставно – што ни остава насмевка додека нешто работиме? Што
ни создава чувство на возбуда? Одговорите на овие прашања се насоки кон кои
треба да почнеме да живееме.
Љубопитноста е следниот сегмент кој треба да се усвои. Таа не тера да
истражуваме, да се менуваме, да пробаме нешто ново. Кон што и да осетиме
љубопитност, значи дека еден дел од нас не вика да истражуваме. Даја пруфатиме
е најдоброто решение. А за да дојдеме до она што сакаме да го истражиме, треба
да се слушаме себеси. Љубопитноста води кон учење, а учењето води кон напредок.
Според тоа, што е пожелно да усвоиме?
* да дефинираме што навистина сакаме да работиме без да правиме компромиси
* да имаме фокус на сопствените приоритети (цели и настојувања)
* никогаш да не се откажуваме
* да се фокусираме на сопствените квалитети, потенцијали и таленти
* да ја живееме својата страст
* да бидеме љубопитни
