Најчесто поставувани прашања | Изјави на учесници | Проверете ја вашата брзина на читање

Ако научам брзо да читам, ќе читам ли и понатаму секогаш брзо, некои работи сакам да ги читам полека и да уживам во нив?

Вие одлучувате како ќе читате, брзо или бавно. Можете да ја употребувате и старата техника на читање, а исто така и брзо читање. Претпоставуваме дека за испит ќе употребувате брзо читање или за некоја стручна литература, додека за вашето омилено списание, или книга ќе читате полека…некои навики тепко се менуваат. Со оглед на тоа што брзото читање во себе има интегриран состав на емотивен менаџмент тогаш и читањето на овој налин да ви дава чувство на големо задоволство и многу јако емотивно доживување. На овој начин може да прочитате се. Во денешно време сите имаат хроничен недостаток на време, оваа техника ви овозможува да имате повеќе слободно време за себе, за семејството и пријателите.

Дали може со оваа техника да се учат странски јазици?

Методологијата за учење странски јазици се разликува од методологијата за читање, така што со оваа методологија не може да се учи странски јазик. Но претпоставка за брзото читање е дека го познавате јазикот на кој читате.

Дали може со брзо читање да се совлада математичка задача?

Индиректно, заради изострената перцепција и фокус, оваа методологија може значително да ви го олесни учењето математика и сите други дисциплини кои бараат логичка интеракција.

Дали со оваа методологија се развива фотографска меморија?

Апсолутно. Оној момент кога ќе го владеете брзото читање ја активирате вашата фотографска меморија која почнува да се развива. А границите на нејзиниот развој се бескрајни.

Постои ли можност да не го совладам брзото читање?

Исто как и на училиште, секогаш постои можност да не го совладате материјалот. Од досегашното искуство само 6% не успеале да ја совладаат техниката. Бидејќи во светот има повеќе методи за брзо читање, интересно е да се споредат показателите на успешност за совладување на другите техники и преку другите методи. Имено, во другите методи, процентот на луѓе кои не успеале да ја совладаат техниката се движи од 5 до 10% што е прифатливо и сосема очекуван процент.

Зошто некои луѓе не успеваат да го совладаат брзото читање?

Има различни причини, некои луѓе едноставно заради одредени и нам непознати причини не се водат според упатствата и не ги следат инструкциите на обучувачот. Исто така сме забележале, и на тоа посебно се обрнува внимание, дека посебно некои деца и тинејџери доаѓаат на семинарот затоа што ги праќаат родителите, а тие не соработуваат како револт спрема родителите. Некои луѓе се сосема поврзани со начинот на денешниот начин на учење и не сакаат да се опуштат. Но да напоменеме дека поголемиот број учесници (околу 94%) успева да ги совлада препреките од тој тип.

Дали семинарот е напорен?

 Може да се каже дека семинарот е напорен, особено тој напор се гледа вториот и третиот ден од семинарот, а веќе после тоа напорот исчезнува и целиот процес на работа се претвора во леснотија. Причина за тоа е кога ќе прифатиме нов образец, нашиот мозок реагира со пад на системот. Тоа може да се спореди со кој било спорт, на пример фитнес. Кога ќе почнете да тренирате ќе ви се случи пад на енергијата, воспаление на мускули…но, после некое време тоа ќе престане и нема да ви биде напорно. Така е и со мозокот, тој е мускул и принципот на работа му е ист.

Дали е доволно само да се заврши семинарот или е потребно и после тоа да се вежба?

Тоа е исто како и кај возењњето автомобил. Кога ќе положите возачки испит вие ќе знаете да возите но уште некое време нема да се чувствувате сигурни туку ќе правите грешки. Колку повеќе возите, сигурноста се зголемува, квалитетот на возењето исто така се додека тоа не стане автоматско, рутинско. Така е и со брзото читање. После семинарот имате можност да посетувате (бесплатни) онлајн работилници и на тој начин да ги усовршите техниките или сето тоа да го правите дома.

Колкава е важноста на емоциите во методот?

Без емоции не е можно да се чита на овој начин. Една од примарните работи во брзото читање е да се ослободи емоционалниот тек.  Некои луѓе имаат проблем со тоа затоа што нивниот долгогодишен образец на постигнување емоции е присутен. Но, техниката која се употребува за ослободување на емоциите е многу делотворна не само за читањето туку и општо за во животот. Многу учесници на семинарот ни се јавуваат после завршувањето дека се чувствуваат подобро, поопуштено, фокусирано, енергични и позадоволни од себе.

Постојат ли во светот слични методи и која е разликата помеѓу нив?

Во светот постојат многу методи за брзо читање, најпознати се Magic reading, Photo reading, Reading genius, Dynamic reading итн. Сите тие методи се базираат на учењето на д-р Лозанов и на најсовремените сознанија за работата на мозокот, на емоционалниот менаџмент и на менаџментот на вниманието. Разлики постојат во пристапот, во техниките и тие се очигледни. Сите тие методи се квалитетни и постигнуваат учинок на различен начин. Брзото читање својот акцент го става на комуникацијата со книгата (активно читање), на прифаќањето и стекнување самодоверба кое по наши сознанија е најголем проблем кај многу луѓе и неследењето на содржината која е многу битна при брзото читање. Затоа нашиот семинар трае подолго од другите и се покажало како поделотворно.

Која е најниската и највисоката старосна граница за семинарот брзо читање?

Највисока старосна граница не постои. Најниската е 12 години, бидејќи кај многумина до оваа возраст   и традиционалното читање претставува проблем.

Може ли брзото читање да им помогне на лицата со дислексија?

Да. Имено, брзото читање се базира на активноста на десната хемисфера. А луѓето со дислексија имаат доминантна десна хемисфера и затоа многу лесно го совладуваат брзото читање.

Дали брзото читање е научно докажано?

Да. Овој метод се базира на научните достигнувања на бугарскиот научник Георги Лозанов и неговиот метод за учење – сугестопедија, Тони Бузан кој е иноватор на менталните мапи и на нобеловецот Роџер Спери со откритијата за работата на мозокот и соработката на левата и десната хемисфера.

Техниките за брзо читање се прифатени во светот и се многу често составен дел на едукацијата на факултетите и академиите.

Scroll to Top