POWER READING STUDY
Курсот за брзо читање е наменет за ученици од повисоките одделенија, средношколци, редовни студенти и студенти кои студираат и работат.
Способноста за брзо учење отсекогаш била клучна конкурентска предност. Побрзото читање е првиот чекор кон побрзо учење, како и кон способноста што побрзо да се извлече суштината од текстот. Акцентот е ставен на совладување техники за брзо читање, нивна примена во процесот на учење, како и на мотивација и концентрација.
📘 Читање стручна литература
Со техниките за брзо читање, преку подобрување на концентрацијата, меморијата и разбирањето, значително се зголемуваат работните и студиските капацитети.
Кај читањето стручна литература особено е важно прегледното разбирање и способноста добиените информации да се применат во пракса или да се поврзат со постоечкото знаење.
📌 Што добивам со учество на курсот?
Ја зголемувам брзината на читање и откривам која техника најмногу ми одговара
Го подобрувам разбирањето и памтењето на прочитаното
Се учам како да ја подобрам концентрацијата
Структурирано и ефикасно да прегледувам, избирам и читам стручни текстови
Како да го организирам процесот на учење и мотивација за учење
Kako најбрзо да ја извлечам суштината и изработка на квалитетни белешки
Ментални мапи и техники на учење
Во курсот е вклучен модул: „Како да учам побрзо и кога да користам брзо читање?” – кога, каде и како се применува брзото читање во училишна и студиска литература, како побрзо да ја запомниме материјата.
Траење, организација и цена
👥 Групен курс
- 📚 18 наставни часа
- 💰 Цена: 10.500 ден.
👤 Индивидуален курс
- 🤝 Воведна средба: 1 час / 600 ден.
- 📚 18 наставни часа
- 💰 Цена: 12.000 ден.
- 💻 Физичко присуство или онлајн
📅 Наредни термини
Power Reading STUDY — 4 и 5. јули 2026
- Сабота и недела: 09:00 — 15:00 (Брзо читање)
- Понеделник: 17:00 — 20:00
- Вторник: 17:00 — 20:00 (Примена при учење)
📍 Скопје — физичко присуство или онлајн
