POWER READING JUNIOR
Сакате вашето дете да чита побрзо, подобро да разбира и полесно да учи? Овозможете му забавно и интерактивно искуство преку курсот Power Speed Reading Junior, специјално создаден за деца од 9 до 12 години.
Преку Јуниор брзо читање, децата развиваат брзина на читање, концентрација и разбирање на прочитаното – вештини што ќе им служат цел живот. Дополнително, научуваат како да паметат повеќе и да учат со поголема самодоверба.
Курсот е вистинскиот избор за:
- ⚡ Активни деца кои имаат многу воннаставни активности
- 📖 Деца кои не сакаат да читаат или читаат премногу бавно
- 🎯 Деца со потешкотии со читањето и разбирањето
- ⭐ Деца кои сакаат да ја подобрат читачката вештина
- 🧠 Деца со поблага форма на дислексија
[ Слика со деца кои читаат ]
Што добива вашето дете со учество на курсот?
Децата учат да читаат побрзо без да го намалат разбирањето на содржината.
Децата откриваат дека читањето може да биде динамично, интересно и забавно.
Учат како подобро да се фокусираат и организирано да пристапуваат кон читањето и учењето.
Кога се менува односот кон читањето, децата читаат повеќе, запознаваат нови зборови и го збогатуваат својот речник.
Курсот претставува одлична можност за дружење, соработка и стекнување нови пријателства.
Децата можат за време на курсот да работат и со книгите што треба да ги прочитаат за училиште.
Курсевите се одржуваат групно или индивидуално
👥 Групен курс
Во текот на учебната година курсот се одржува во сабота и недела од 09:00 до 13:00 часот, два викенда по ред.
Во групата има најмногу 8 деца, што овозможува индивидуализиран пристап.
- 📚 16 наставни часа
- 💰 Цена: 7.000 ден.
👤 Индивидуален курс
- 🤝 Воведна средба: 1 час / 600 ден.
- 📚 16 наставни часа
- 💰 Цена: 8.500 ден.
- 💻 Физичко присуство или онлајн
📅 За време на училишните распусти — Термините за одржување на курсевите се прилагодуваат согласно распоредот на распустите.
Нека читањето стане пријатно искуство и врата кон нови светови, знаења и интереси!
Контактирајте не