ИН ОПТИМУМ – ОПТИМАЛНА СОСТОЈБА НА ПОСТОЕЊЕ
Денеска, во 21 век, во време на брзи промени кога од сите страни добиваме информации, ЗНАЕЊЕТО е клучен фактор за управување со тие сегменти на животот како и за развој на личните потенцијали.
Луѓето поседуваат слободна волја да ја креираат својата сегашност, но и својата иднина.
Научете да создавате и да се однесувате квалитетно секој ден и да бидете присутни во секој момент, затоа што важно и реално е само она што е сега и овде. Препуштете се на нови знаења, бидете со отворен ум и љубопитни како мало дете. Тоа е патот кон успехот и благосостојбата.
Знаењето е потребно за личниот развој. Опстанокот и зачувувањето на својот интегритет кој води кон остварување на основните права на човекот: да биде, да прави и да го има она што го сака, е уметност да се оствари во вакви околности. Постојат различни видови знаења кои на човекот му се потребни за да оствари добробит и корист. Но, постои знаење кое е базично и кое овозможува прифаќање и примена на сите останати знаења…тоа е свесноста за сопствените потенцијали како и за нивната примена и развој. Докажано е дека се она што го работиме, мислиме, чувствуваме и живееме е поврзано и зависно од процесите кои се одвиваат во нашиот мозок.
Една од законитостите на функционирање на мозокот е “искористи го или изгуби го“. Поголемиот број луѓе секојдневно губи преку 100.000 мозочни станици затоа што или не ги користат или ги користат на погрешен начин. Основната причина е губење на контакт со сопствената природа како и ниското ниво на самодоверба и игнорирање и незнаењето за своите способности и можности како и непоседувањето на знаење како сето тоа да го развие.
Ин Оптимум Македонија – Центар за развој на човечките потенцијали, ги спроведува следните модули:
БРЗО ЧИТАЊЕ ЗА ВОЗРАСНИ
БРЗО ЧИТАЊЕ СО УЧЕЊЕ
БРЗО УЧЕЊЕ ЗА ДЕЦА
БРЗО УЧЕЊЕ ЗА СТУДЕНТИ
БРЗО ЧИТАЊЕ ЗА ДЕЦА
Модулите ги задоволуваат највисоките стандарди на содржина и начин на изведување кои ги изведуваат едуцирани и сертифицирани обучувачи.
