Најчесто поставувани прашања | Изјави на учесници | Проверете ја вашата брзина на читање

ШТО ЗНАЧИ ДА СЕ РАЗБЕРЕ

 

ШТО ЗНАЧИ ДА СЕ РАЗБЕРЕ
Учениците и студентите често се прашуваат за ширината во учењето на одреден материјал кога на испит се бара само она што го кажува предавачот или книгата.

 

Навистина повеќето испити бараат длабоко разбирање на темата. Постојат повеќе причини…

Со добро помнење и бубање, во главно можетеда го поминете испитот репродуцирајќи ги информациите кои едвај ги разбирате и на кои после тоа нема да се сеќавате. Според тоа, зошто да се гњавите со подлабоко разбирање? Постојат повеќе причини…

Како прво, иако поедноставно ќе го поминете испитот ако набубате податоци кои ништо не ви значат, многу е тешко да се запомни нешто што не го разбирате. Колку повеќе знаете и колку понатаму во образованието одите се повеќе ќе ставате акцент на разбирањето.

Понатаму, вашето школско или студентско искуство повеќе ќе ве исполнува и прави среќни ако настојувате да разберете а не само да меморирате. Притоа важно е да се знае дека дури и кога материјалот на прв поглед не изгледа привлечно, интересно ниту важно, кога ќе му посветиме и потполно се вклучиме во него, тоа станува многу попривлечно и интересно.


Потоа, ние сами ќе се чувствуваме подобро и ќе бидеме позадоволни ако преземеме чекори за разбирање на истиот, отколку ако продолжиме да покажуваме отпор и останеме незнајковци. Учењето знае да биде многу тешко, застрашувачко или фрустрирачко, ама кога тоа ќе го надвалдееме, малку нешта може да не задоволат како што е тоа чувството од нешто успешно научено.


Понатаму, способноста за разбирање на информациите е пресудна животна вештина. Може да се провлекуваме низ школувањето без многу разбирање, но ќе се најдеме во голема неволја и професионално и лично еден ден кога ќе зачекорите во реалниот свет.

Повеќето ученици и студенти погрешно го доживува зборот учење. За нив учењето на час/предавање значи “да седиш и да слушаш“, а учењето дома “паметење“. За успешните студенти учењето е процес на градење на разбирање на материјалот. Но колку навистина го разбираме тоа што го учиме? Да го земеме за пример следното тврдење: Сонцето предизвикува фотосинтеза во растенијата. Ова тврдење без проблем може да се запомни и да се репродуцира на испит а да не ја ни разбирате. Може да се каже дека некој концепт го разбираме ако:

1) може да го дефинираме со свои зборови

2) да дадеме за него свои примери

3) да ги објасниме неговите односи со другите концепти

Со тоа само сме ја гребнале површината; затоа што разбирањето е процес без крај.

Ние сме тие кои на светот му даваме смисла. Знаењето за нас не постои, односно не постои одвоено од она што ние го преземаме за да го прифатиме тоа знаење и да го поврземе со она што веќе го знаеме. Тоа не е нешто што се превзема, туку нешто што се создава. Разбирањето не е нешто што другите може да ни го дадат, туку нешто што сами треба да го изградиме. Тоа не доаѓа само со читањето на книгата и слушањето на предавачот.


Учењето е активен процес кој вклучува постојано повторување на поставените прашања. На тој начин треба нешто да вметнеме во информацијата: со нејзино обликување и организирање како наша креација. Една од причините зошто тоа им паѓа на многумина тешко е затоа што не ја сфаќаат суштината и својата одговорност во тоа. Сметаат дека им е работа да слушаат на предавањата и да ги направат задачите што им се дадени. Со тоа ги ограничуваат своите способности, не само да го научат школскиот материјал, туку и воопшто нешто да научат. Ниту еден учител не може едноставно да му стави знаење на ученикот и да му створи разбирање. Тој дел учениците мора да го направат сами. Ученикот е тој кој учи. За себе. Всушност, ученикот сам себе се поучува. Ако нешто не научиме, чиј проблем е тоа? Наш! Ние сме тие кои ќе живеат со последиците од нашето учење.


Учењето е долготраен и скалест процес. Првиот чекор вклучува едноставно следење на главните идеи, дефиниции, насоки во лекцијата или книгата. Потоа градиме разбирање поставувајќи си прашања за да откриеме како тие нови идеи и факти ќе се однесуваат едни кон други и кон она што веќе го знаеме. Постепено тие концепти ги организираме во структура која за нас има смисла и значење.


Не треба да се обесхрабриме ако при првотот читање не ја разбираме книгата. Природно е да не разбираме посложен текст во првиот момент кога ќе се сретнеме со него. До вистинското разбирање треба да поминат неколку средби на неколку различни начини. Разбирањето на некоја тема може да зависи и од познавањето и разбирањето на некои други теми, па до право разбирање ќе дојде кога ќе завладееме со сите нив.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top