Најчесто поставувани прашања | Изјави на учесници | Проверете ја вашата брзина на читање

ЈУНИОР БРЗО ЧИТАЊЕ

Јуниор Брзо читање е едниствената програма за развој на потенцијалите на децата!

Јуниор Брзо читање семинарот е наменет за децата од 8 до 12 години, а образовната програма трае шест дена на основниот семинар. Во програмата ќе се обработуваат следните техники: Основи на брзо читање за деца, Стратегија на учењето и помнењето, Помош при учење, Мотивациски техники, Техники на концентрација и фокус.

Програмата ги прилагодува основите на Брзо читање за деца за да им се олесни учењето и помнењето.



ОВОЈ СЕМИНАР НА ДЕТЕТО МУ ОВОЗМОЖУВА ЗАПОЗНАВАЊЕ СО СЛЕДНИТЕ ТЕХНИКИ:

Основи на брзо читање за деца

Ин Оптимум Power Reading е еден од најнапредните програми за читање досега развиени во светот. Со користење на можностите на мозокот на сосема нов и многу едноставен начин, учесниците учат како потполно фокусирано и опуштено да го апсорбираат било кој пишан материјал. Низ овој семинар децата ги стекнуваат основите во склад со нивните можности кои се поврзани за нивната возраст, така што се работат вежби за ширење на видното поле и подобрување на асоцијацијата и интерпретацијата, се поминува низ комплетна вежба на подготовка која се состои од: вежби за фокус и изработка на мапи за интерпретација на текстот. Оваа вештина им овозможува на децата да читаат и по 10 страни во минута.


Стратегија за учење и помнење

Јуниор Брзо читање дава можности и за запознавање на техниките на напредно учење: како функционира вашиот ум, како да се учи помалку а да се памети подолго и повеќе, како учењето да се претвори во игра, како помнењето е поврзано со креативноста, како да се открие сопствената креативност, да се разбијат предрасудите за сопствените способности, како најновите сознанија за мозокот и умот може да се применат во учењето и секојдневниот живот и уште многу работи кои помагаат да се прошират знаењата, да се постигне успех во различни животни подрачја и можеби најважното, со откривање на своите можности да се изгради самодоверба.

Помош при учење

Учењето не е мачење, учењето е забава. Постојат низа методи кои на вашето дете ќе му овозможат поквалитетен и полесен пристап до знаењето. Предност на тие техники е што децата можат самостојно да ги применуваат без дополнителна помош.


Мотивациски техники

Се фаќате ли често дека “глумите кловн” за да го мотивирате своето дете? Тоа навистина не е потребно затоа што постојат 40-на начини на мотивација и претворање на здодевноста во конструктивна акција.

Техники на концентрација и фокус

Како ќе се чувствувате и вие и вашето дете тоа секогаш да биде потполно фокусирано на она што баш и не го сака? Тоа веќе не е проблем, Вашето дете може да научи 10 модели на фокус и за го задржи своето внимание на она што сака да го направи.

По завршување на секој семинар, учесниците може да доаѓаат на бесплатни работилници со цел да ги усовршуваат стекнатите вештини.

ТЕРМИНИ И ЦЕНИ ЗА СЕМИНАРОТ ЈУНИОР БРЗО ЧИТАЊЕ

 

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top