Најава на член



  • brzo_citanje172

Брзо читање 1 на ТВ

Брзо читање

Коментар на Неделата

“Премал е просторот предвиден за да искажам колку позитивно влијаеше семинарот. Топло го препорачувам на секој кој го нема досега посетено. Вистинско откритие за мене и права инвестиција за самиот себе. Се учат и совладуваат неколку техники на брзо читање од кои најдобро ми легна техниката зоро во комбинација со машнички. Сега ми останува само да ја совладам техниката со која би можел да го напишам она што ќе успеам да го прочитам. Само напред.“


Миле Томов, економист


Мисла на Неделата

За читателот најмногу може да стори оној писател кој ќе му даде најмногу знаење, а ќе му одземе најмалку време.

Charles Caleb Colton

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА АДРЕСА Е-пошта

Почитувани посетители на веб страната www.brzocitanje.com.mk, ве известуваме дека од 01.септември 2015 година Ин Оптимум Македонија е на нова адреса, ул.Борка Талевски 17А (кај ОУ Ј.Х.Песталоци). Контакт телефоните остануваат исти. Слободно контактирајте нѐ за подетална информација додека да биде сменета мапата на фирмата. Ви благодариме на разбирањето и ве очекуваме!

 
ТЕКСТОВИ ЗА ДИСЛЕКСИЈА Е-пошта


Почитувани посетители,

 

Во наредниот период  ќе бидат објавувани текстови на тема дислексија со цел подобро информирање на родителите и на пошироката јавност за истата.

Ве покануваме да комуницирате со нас и да ни испраќате ваши коментари или прашања  на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Повеќе...
 
МИНИ ТЕСТ ЗА ДИСЛЕКСИЈА Е-пошта


Симптоми на дислексија на кои треба да обрнете внимание:

 


  • Дали детето го погодува зборот, гледајќи го целосно зборот или само првата/првите букви?
  • Дали заборава како се читаше/спелуваше зборот откако ќе ја заврти страницата?
  • Дали му е тешко на детето да ги препознае по звук буквите дури и во збор од 3 или букви како на пример, воз, сон,крв, слон, влог?
  • Дали на детето му е тешко да прави рими на едноставни зборови?
  • Дали ги скока малите зборови како што се во, на, кон, ама?
  • Дали испушта букви при читањето?
  • Дали успева да каже прва и последна буква на изговорен збор од друго лице?
  • Дали детето може да ги изговори сите букви од азбуката без пеење?
  • Дали детето може да повтори наназад три броја кои вие сте ги кажале или три збора?
Повеќе...
 
ИН ОПТИМУМ МАКЕДОНИЈА СЕ СТЕКНА СО МЕЃУНАРОДНА ДИПЛОМА ЗА РАБОТА СО ЛИЦА СО ДИСЛЕКСИЈА Е-пошта
.Човек со дислексија, со среден или висок коефициент на интелигенција, светот околу себе го восприема на поразличен начин во однос на другите луѓе. Соочувајќи се со буквите и бројките, неговото внимание се нарушува. Тоа води кон потешкотии при усвојување на читањето, пишувањето и сметањето.
Повеќе...
 
Термини - ПО ДОГОВОР СО ГРУПАТА 2016 Е-пошта


Запишете се на семинарите за БРЗО ЧИТАЊЕ И УЧЕЊЕ во СКОПЈЕ во следните термини:

 

 

СЕМИНАР БРЗО ЧИТАЊЕ (РЕДОВЕН .)

 

Динамика на одржување:

вторник и среда (17-20ч) четврток и петок (10-15ч).

Динамика на одржување:

сабота и недела (10-15ч), понеделник и вторник (17-20ч).
-------------------------------------------------------

СЕМИНАР БРЗО ЧИТАЊЕ ЗА ДЕЦА (9-12 години.)

 

Динамика на одржување:

сабота и недела (10-14ч.) понеделник и вторник (17-20ч).
---------------------------------------------------

 

 

Динамика на одржување:

сабота и недела (10-15ч.) понеделник до среда (17-20ч.)

---------------------------------------------------

 

Динамика на одржување:

1 ден, сабота или недела (9-16ч.)

---------------------------------------------------

 


Динамика на одржување:

1 ден, сабота или недела (9-16ч.)

Место на одржување:


ул. Борка Талевски бр.17А, Скопје

(кај ОУ Ј.Х.Песталоци)

Повеќе...
 
КАКО СЕ ДЕФИНИРА ДИСЛЕКСИЈАТА? Е-пошта


Зборот дислексија настанала од грчкиот збор "dys" (што значи слаб, лош, непримерен) и зборот "lexsis" (јазик, збор). Дислексијата, според дефиницијата на Orton Dyslexia Society, е една од неколкуте тешкотии во учењето. Тоа е нарушување кое се однесува на јазикот од конституционално потекло кое се опишува со тешкотии во кодирањето на одредени зборови, а кои обично се резултат на недостаток од способност за фонолошка обработка. Тешкотиите во декодирањето на одредени зборови е неочекувана со оглед на возраста и другите когнитивни и академски способности; тие не се резултат на општите развојни и сензорни тешкотии. Дислексијата се огледува со различни потешкотии кај различни јазици, често вклучувајќи го и проблемот на учење на пишувањето покрај проблемот со читањето. (Orton Dyslexia Society Research Comittee,1996.)
Повеќе...
 
НОВ ПРЕГЛЕД НА СЕМИНАРИ ЗА БРЗО ЧИТАЊЕ И УЧЕЊЕ Е-пошта


Почитувани,

 


Ве известуваме дека од август промовираме нов распоред на семинарите за брзо читање и учење согласно со вашите барања за прилагодување на повеќе возрасни групи. Исто така, со ова излегуваме во пресрет на сите кои беа заинтересирани за еден семинар за брзо читање и учење. Ве покануваме да се запознаете со новиот преглед. Напоменуваме дека постои можност за индивидуален семинар за секој од долунаведените како и за закупување на термин.


1. СЕМИНАР БРЗО ЧИТАЊЕ (ВОЗРАСНИ), 20 часа. (Напомена: за група помала од 7 учесници, семинарот се изведува во 3 дена, 17 часа)



2. СЕМИНАР БРЗО ЧИТАЊЕ ЗА ДЕЦА (9-12 год.), 14 часа.



3. СЕМИНАР БРЗО ЧИТАЊЕ СО УЧЕЊЕ (за лица над 13 год.), 21 часа.



4. СЕМИНАР БРЗО УЧЕЊЕ ЗА ДЕЦА (13-18 год.), 1 ден=7 часа.



5. СЕМИНАР БРЗО УЧЕЊЕ ЗА СТУДЕНТИ, 1 ден=7 часа.


За повеќе информации обратете ни се на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на 070/440-866.

 
ВЕШТИНА НА БЕЛЕЖЕЊЕ И ИСТАКНУВАЊЕ ПРИ УЧЕЊЕ Е-пошта


Веројатно не постои ученик или студент кој на некој начин не бележи или истакнува одредени делови во текот на учењето, и тоа е навистина потребно и корисно. Меѓутоа, не е баш секое бележење и истакнување корисно.

Често бележењето/фаќањето белешки при учење се претвора во долготрајно пишување, а од истакнувањето се е обоено, само по некој збор или ред останува непотцртан. Не треба ни да се нагласува дека тоа не помага воопшто тку само се троши времето. Еве неколку совети за паметно и корисно бележење.

Повеќе...
 
Повеќе Артикли...
«ПочетокПред12345СледноКрај»

Лист 1 од 5